Интер должи пари за трансферот на Лукаку, Јунајтед за возврат го бара Лаутаро

Интер не го исплатил цел долг за трансфер на Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед, поради што сега „црвените ѓаволи“ си ги бараат парите.

Лукаку пристигна во Интер во 2019 година за 74 милиони евра, а „Кориере дело спорт“ објави дека „нераѕурите“ се должни уште 50 милиони евра плус бонуси од пет милиони евра.

„Ѓаволите“ сакаат договор и на италијанскиот тим му нудат решение, односно да им го „простат“ долгот во замена за Лаутаро Мартинез.