Имобиле направи глупост, па го остави Лацио на цедило - Торино искористи! (ВИДЕО)

Само еден момент му пресуди на натпреварот меѓу Лацио и Торино, од 16. коло во Серија А и тоа во корист на аутсајдерот на „Олимпико“. 

Торино славеше со 3-1, а најзаслужен за тоа е играч на Лацио и тоа не кој било, туку Чиро Имобиле. Откако првото полувреме, речиси, помина без да се постигне ниту еден гол, во 45. минута Имобиле ја оплеска. Беше во шанса, му свирнаа офсајд, а тој бесен од одлуката, наседна на провокацијата на Николас Бурдисо. Дефанзивецот на Торино нешто му рече, а овој го турна на земја и заслужено доби црвен картон.

Во вториот дел Лацијалите не можеа да ја контролираат играта со десетмина на нтеренот, па уште по неполни 10 минути примија гол. Беренгер стрелаше за 1-0, а набргу по него и Ринкон го зголеми водството. Алберто даде некаква надеж во 69. минута дека можеби Лацио може да се извлече, но само четири минути подоцна резервистот Едера го постави конечниот резултат.

Лацио долго време немаше пораз во Серија А, а ова е веќе втор за четири меча. Останува на 32 бода, на петтото место, а Торино со 23 е осми.