Икарди се појави прв на тренинг и покрај проблемите во Интер

Мауро Икарди вчера ја загуби капитенската лента во Интер, а потоа Аргентинецот одби да патува со екипата во Виена на мечот во Лига Европа против Рапид.

Тренерот Лучано Спалети кажа дека е подобро тоа што Аргентинецот останал во Милано. Сепак, Икарди не сакаше слободни денови додека екипата во Австрија, па дојде на тренинг со соиграчите, кои не патуваа во Виена.

Интер, според италијанските медиуми, нема да го казни Икарди, а исто така тие сакаат да ги подобрат односите со својот напаѓач.

Интер е лут на Икарди, зашто неговата сопруга и агент Ванда Нара постојано зборува во јавност на штета на клубот.