Икарди на своја рака одлучил да не патува со Интер за Виена

Вест број 1 денеска во италијанските медиуми секако е одземањето на капитенската лента на Мауро Икарди во Интер. Самир Хандановиќ е новиот капитен на „нераѕурите“, а последните информации беа дека голгетерот бил исфрлен од тимот и нема да игра против Рапид Виена во Лигата на Европа. 

Тренерот Луијано Спалети вели дека Икарди не бил исфрлен од тимот, туку на своја рака решил да не се појави за патувањето во Виена.

„Икарди нормално дека беше повикан во тимот за настап во Лигата на Европа. Тој самиот одлучи да не се појави со останатите фудбалери“, изјави тренерот на Интер.

Ова дефинитивно е крај на „љубовта“ помеѓу Икарди и Интер. Аргентинецот по завршувањето на сезоната ќе си бара нов клуб, откако преговорите за нов договор не одеа во позитивна насока.