Игуаин го реши дербито на Италија: Прв пораз на Интер сезонава (ВИДЕО)
Торинскиот тим го отвори натпреварот со прекрасен гол на Пауло Дибала во 4.минута. Лаутаро Мартинез израмни на 1-1 откако реализираше од белата точка по играта со рака на Матијс де Лихт во својот шеснаесетникот.
Во второто полувреме Јувентус одигра многу подобро, а победата ја донесе резервистот Гонзало Игуаин во 80-тата минута.
„Старата дама“ со оваа победа го прескокна Интер на врвот на табелата и сега има 19 бодови, еден повеќе од својот ривал.