„Игра за Реал Мадрид, ама навива за Барселона, тој плачеше кога го здробија ПСЖ“

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ со 2-1 против Барселона на „Камп Ноу“, а головите за победничката екипа ги постигнаа Давид Алаба и Лукас Васкез, додека за Каталонците во листата на стрелци се запиша Серхио Агуеро.

Винисиус Жуниор беше еден од најдобрите фудбалери на теренот, иако не постигна гол, а навивачите го навредуваа во секој момент од мечот, иако тој наводно е навивач на Барселона, барем така тврди поранешниот скаут на Каталонците, Андре Кари.

„Винисиус е голем навивач на Барселона. Тој плачеше кога Барселона го растури ПСЖ со 6-1 и направи пресврт. Сакаше да потпише за Каталонците. Неговите менаџери ми беа пријатели, но во последен момент ме предадоа. Од 2017 година повеќе не разговараме“, вели Кари.