Ибрахимовиќ се оперираше и го чека пауза од - осум месеци! (ФОТО)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ со своето искуство му помогна на Милан да го освои Скудетото по пауза од 11 години, но денеска пристигна вест која ги шокираше навивачите на италијанскиот шампион.

„Росонерите“ соопштија дека Ибрахимовиќ сакал да го реши проблемот со коленото кое долго време го мачеше, па поради тоа заминал на операција и го очекува пауза од осум месеци.

Ибрахимовиќ кажа дека ќе ја соопшти конечната одлука за иднината во следниот период, но најновите вести за паузата поради операција би можела да значи и крај на неговата богата кариера.