
Ибрахимовиќ му се јавил на Мората и го убедил да се пресели во Милан!
Милан се насочи кон Алваро Мората откако извиси во намерата да го ангажира Џошуа Зиркзе од Болоња.
Шпанецот има откупна клаузула од само 13 илиони евра, па потешкиот дел од задачата е да се добие зелено светло од напаѓачот за трансфер.
И како што пренесува Газета дело Спорт, тука на сцена стапил Златан Ибрахимовиќ, кој земал телефон и лично му се јавил.
Ибра му објаснил на Алваро Мората како сите во Миланело го сметаат за право засилување, не само од технички и тактички аспект, особено ги ценат и неговите човечки карактеристики. Исто така му презентирал и како ќе има важна улога во новиот проект на Пауло Фонсека, па го убедил да се пресели на Сан Сиро.
Во моментов има одредени разлики околку економските детали, Милан нуди тригодишен договор и плата од 4 милиони евра по сезона, додека пак Алваро Мората преферира четиригодишна соработка и примања од 5 милиони евра по сезона, но јазот не е толку голем и се очекува двете страни во скоро време да најдат заеднички јазик.