Ибрахимовиќ: Ако станам тренер ќе ги тепам моите играчи и среде меч и по него!

Дека никогаш не е здодевно околу Златан Ибрахимовиќ (39 години) потврдува и неговата најнова изјава поврзана со плановите по завршувањето на кариерата, која дефинитивно се ближи со оглед на неговата возраст.

Популарниот Ибра сѐ уште не дефинирал со што ќе се занимава, но сигурен е само дека никогаш нема да биде – тренер.

„Нема шанси да бидам тренер по завршување на играчката кариера. Тоа не е професија за мене. Ако сум стратег на некоја екипа, знам дека ќе истепам најмалку двајца мои фудбалери додека трае мечот, а останатите ќе изедат ќотек по неговот завршување. Тоа нема да биде добро ниту за нив, ама ниту и за мене“, изјави шведскиот интернационалец.

Ибрахимовиќ и покрај тоа што се наоѓа пред влезот во петтата деценија од животот, сезонава веќе има постигнато 16 голови во дресот на Милан.