И тоа се случи: Марселино доби отказ, Валенсија остана без тренер пред големото дерби со Барса

Екипата на Валенсија остана без тренер во пресрет на големиот меч со Барселона претстојниот викенд во рамките на Ла Лига, откако Марселино доби шут - карта од сопственикот на клубот Питер Лим.

Според шпанските медиуми, Марселоно влегол во конфликт со Лим, бидејќи сопственикот на клубот му се мешал во спортско-техничкиот дел во клубот.

Марселињо не бил задоволен од потезите на Лим, а првиот човек на клубот не можел да ја „смири топката“ - па му врачил  отказ на тренерот.

Марселињо седна на клупата на Валенсија во 2017 година, откако двапати по ред беше дел од Лигата на шампионите, а минатата сезона триумфираше во Кралскиот куп.

Засега, тренер на клубот од „Местаља“ ќе биде поранешниот селектор на младинската репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес.