И Гвардиола се шокираше: Постигна над 600 голови за Сити, па потпиша за Јунајтед

Екипата на Манчестер јунајтед успеа да го украде големиот талент на градскиот ривал Сити со потписот на Чарли Мекнил (16), кој потпиша професионален договор „Црвените ѓаволи“.

Младиот напаѓач шест години беше член на младинските тимови на „граѓаните“, за кои постигна над 600 голови според пишувањата на британски „Дејли меил“, па затоа тамошните медиуми пишуваат дека тој извршил високо предавство.

Имено, Мекнил ги завршил сите детали за договор со Манчестер јунајтед, и воедно се збогува од претходните соиграчи со порака на социјалните мрежи.

Благодарам за сè Манчестер сити во изминатите шест години. Задоволство ми беше да играм со неверојатни играчи. На сите им посакувам се најдобро, изјави младиот Англичанец.

Како што може да се очекува во градот, овој потег не беше добро прифатен. Непријатно изненаден беше и Пеп Гвардиола, кој Мекнил планираше повремено да го користи во првиот тим.