И Бруно Фернадеш со емотивна објава се збогува со Горан Пандев (ВИДЕО)

Одигрувањето на последниот натпревар за Македонија, вчера во пресметката со Холандија на ЕУРО 2020, на Горан Пандев му донесе илјадници честитки и посвети од целиот свет, а меѓу нив беше и таа од ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

Тој сподели едно од официјалните видеа на ЕП за Горан Пандев и напиша: „Никогаш нема да биде само игра“.