Хаос во Џенова: Уште тројца колеги на Пандев позитивни на ковид-19

Ковид-19 направи вистински хаос во Џенова, откако денеска беше објавено дека уште тројца колеги на македонскиот репрезентативец Горан Пандев се позитивни на вирусот.

На новите резултати кои пристигнаа утрово позитивни се Доменико Кришито, Дариан Малес и Давиде Бираски, додека во текот на вчерашниот ден позитивни беа Брлек и Зајц.

Во моментов има 17 фудбалери заразени со вирусот во тимот, поради што мечот против Торино беше одложен.