Халанд со нов гол во триумфот на Дортмунд, Келн со „петарда“ ја почести Херта (ВИДЕО)

Денеска во германската Бундеслига беа одиграни неколку натпревари, а најубедливата победа ја запиша Келн и тоа со 5-0 против Херта, додека Борусија Дортмунд славеше на незгодното гостување кај Вердер Бремен со 2-0.

Дортмунд успеа да го постигне првиот гол дури во 52. минута, додека 14 минути подоцна успеа да зголеми на 2-0 и тоа преку Ерлинг Халанд, па така освоија нови три бода.

Келн немаше милост за Херта, па со убедливи 5-0 успеа да слави на гостувањето во Берлин. Кордоба постигна два гола на стартот, по што следеше автогол на Јарштајн за водство од 3-0 на Келн, додека во вторите 45 минути во листата на стрелци се запишаа и Кајнц и Ут.

На останатите натпревари Борусија Менхенгалдбах одигра 1-1 против Хофенхајм, а Фортуна Дизелдорф славеше кај Фрајбург со 2-0.

Баерн Минхен е лидер со 49 бодови, Дортмунд има 45, колку и Лајпциг на втората позиција, а во топ-4 е и Борусија Менхенгладбах.