Гвардиола таман најде помошник – доби „корпа“!

Пеп Гвардиола во Манчестер сити остана без десна рака, откако Микел Артета реши да го преземе Арсенал, па во изминатиот период, сериозно се бараше ново име кое ќе му помага на еден од најдобрите тренери на светот и изборот напдна на бившиот капитен на „граѓаните“ Винсент Компани, ама...

Ретко кој би одбил понуда од Гвардиола за да му биде помошник и да работи во еден од најбогатите светски клубови, каде што секој сè што ќе посака – добива. Но, баш Компани ја одбил понудата и тоа зашто не сакал да си замине од Андерлехт. Белгиецот во еден од најславните клубови во својата земја замина летоска и е тренер-играч.

Според информациите, имал план да игра уште една сезона и да го води клубот, откако во оваа Белгија прва го прекина комплетно првенството. Затоа и Компани ја одбил понудата од Манчестер сити, иако „граѓаните“ се надеваа дека поради финансиските проблеми на еден од великаните во белгискиот фудбал ќе бидат пресудни за да го разубедат својот бивш дефанзивец да се врати на „Итихад“.