
Гвардиола ги шокира навивачите со изјавата за шансите на Сити за победа во Мадрид!
„Граѓаните“ двапати водеа на првата средба на домашен терен, но на крајот загубија со 2-3.
„Нашите можности за победа на ‘Сантијаго Бернабеу’ се речиси непостоечки, тоа сите го знаат. Не можам да кажам точно во проценти, но верувам дека се под 1-отсто. Резултатот од првиот натпревар не беше во наша корист. До 85. минута водевме 2-1, но загубивме 2-3, што значително ги намали нашите опции“, изјави Гвардиола.
И покрај тоа, стратегот на „граѓаните“ најави дека неговиот тим ќе се обиде да ги искористи сите можности што ќе се укажат. Во првиот натпревар, Реал стигна до победа со головите на Килијан Мбапе, Брахим Дијаз и Џуд Белингем, иако до 86. минута беше во негатива. Манчестер Сити водеше благодарение на двата гола на Ерлинг Халанд, но не успеа да го задржи водството.