Готово е: Рабио од следната сезона ќе игра во Серија А

Адриен Рабио мина низ вистински пекол изминативе шест месеци откако беше отстранет од тимот на ПСЖ поради фактот што не сакаше да потпише нов договор.

На 1 јули тој и официјално ќе биде слободен фудбалер и ќе може да потпише за било кој клуб во Европа. Иако долго време се споменуваше дека Рабио е близу до дресот на Барселона или Ливерпул, тој кариерата е ќе ја продолжи во Јувентус.

Фудбалерот од средниот ред се договорил со „Старата дама“ за петгодишен договор вреден 7 милиони евра по сезона. Рабио воедно ќе инкасира и 10 милиони евра бонус за потписот со Јуве.

Ова лето италијанскиот тим ангажираше уште еден фантастичен фудбалер без обештетување, а тоа е Арон Ремзи од Арсенал. Јуве ја продолжува традицијата на ангажирање фантастични фудбалери без обештетување како во минатото Андреа Пирло, Фернандо Љоренте, Пол Погба, Емре Џан, Дани Алвеш, Кинсли Коман и Семи Кедира.