Готово е: Ериксен е нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Кристијан Ериксен е пред промоција во нов фудбалер на Манчестер јунајтед, јавува новинарот Фабрицио Романо.

Документите се комплетирани и договорите моментално се кај адвокатите на проверка, па се очекува наскоро и официјално потпишување на истите. Данецот веќе ги известил луѓето во Манчестер јунајтед дека ќе потпише за клубот на три години, а исто така го информирал и неговиот поранешен клуб Брентфорд.

Ериксен имаше одлична полусезона во дресот на овој премиерлигаш, откако се рехабилитираше по операцијата на срцето.