Големи проблеми со изградбата на стадионот на Јунајтед вреден 2,3 милијарди евра
Новиот сопственик на гигантот, Џим Ратклиф имаше визија да изгради модерен стадион кој ќе го замени култниот „Олд Трафорд“. Новиот стадион требаше да има капацитет од 100.000 навивачи, а проектот ќе чини 2,3 милијарди евра.
Финансиите се најголемиот проблем за „црвените ѓаволи“, кои веќе имаат долг од милијарда евра, кој се состои од долгот на семејството Глејзер при купување на тимот, неподмирени долгови за трансфери и останати кредити.
Ретклиф се надеваше дека проектот ќе го ко-финансира преку владина шема, но засега нема напредок во преговорите меѓу клубот и Владата.
Дополнителни проблеми за „ѓаволите“ се пречките за купување на земјиштето кое се наоѓа околу стадионот. Неодамна „Би-би-си“ извести дека нема решение како да се купат парцелите кои се наоѓаат покрај „Олд Трафорд“ на кои треба да се гради новиот стадион.