Голеада во Франција: Лион го елиминираше Нант од Купот

Одличен меч за публиката беше одигран во Нант, каде што домаќинот беше елиминиран од Лион со 3-4 во францускиот Куп.

Лион по само девет минути игра поведе со 2-0, но Нант преку Емонд намали на 1-2. Сепак, гостите на полувреме заминаа со 3-1 благодарение на погодокот на Терие.

На стартот на второто полувреме Лион преку Дембеле имаше можност од пенал да зголеми на 4-1, но не успеа. Сепак, две минути подоцна Дембеле ја поправи грешката и зголеми на 4-1.

Во самиот финиш од мечот Нант притисна кон голот на гостите, па преку Лоуза и Симон намали на 3-4, но не успеа да постигне уште еден погодок и да се спаси од пораз.