„Го налутив Меси, а тој ме погледна и ми кажа дека ќе примиме седум гола“

Фудбалерите на Барселона вечерва гостуваат кај Мајорка во рамки на 28. коло од шпанската Ла Лига.

Шпанските медиуми пишуваат дека Лионел Меси ќе биде дополнително мотивиран за денешниот дуел, зашто во претходниот имал пресметка со тренерот Висент Морено.

Мечот се играше на 7 декември минатата година, а Барселона славеше со 5-2. На тој дуел Морено на полувреме имал вербален дуел со Аргентинецот.

„Фудбалерите беа лути на мене по мечот затоа што јас го налутив Меси. Беше лут и на полувреме и во тунелот ми кажа дека ќе ни даде седум гола. Не успеаа во тоа, но тој ни даде три гола. Без дилеми е најдобар фудбалер во светот. Ќе биде тешко без навивачи, но ќе се обидеме да дадеме отпор“, кажа Морено.