Ѓорѓиевски го даде вториот гол за Вождовац за нови три бода!

Младинскиот македонски репрезентативец Марко Ѓорѓиевски го постигна својот втор гол за Вождовац во победата од 2-1 против Јавор, со што донесе важни три бода за неговиот тим и го зацврсти на шестото место.

Јавор добро го почна мечот со погодок за водство во 23. минута преку Петковиќ, по што Вождовац израмни на 1-1 во 43. минута преку Станисављевиќ.

Македонскиот фудбалер Ѓорѓиевски направи целосен пресврт во 59. минута, кога ја смести топката во мрежата на Јавор за конечни 2-1.

Вождовац е шестопласиран во српскиот шампионат, со само еден бод помалку од петтопласираната Бачка Топола.