Гери Невил доживеа нервен слом по промашувањето на Марсијал (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул денеска на „Енфилд“ сосема заслужено славеше со 2-0 во големото англиско дерби против Манчестер јунајтед.

„Црвените“ на овој начин успеаја да го поразат и единствениот тим кој не го победија сезонава кога е во прашање Премиер лигата, откако првиот меч на овие два тима заврши 1-1.

Вирџил Ван Дајк во 14-та и Мохамед Салах во 93. минута му донесоа нова победа на Ливерпул со која се зацврсти на првото место на табелата со 64 бода, 16 повеќе во однос на второпласитаниот Манчестер сити.

Но, еден момент од дербито, бескрајно ја изнервира легендата на тимот од „Олд Трафорд“, Гери Невил. Имено, во 60. минута, Ентони Марсијал излезе сам пред голманот на домаќините Алисон Бекер, но не успеа да ја смести топката во мрежата, поради што Невил „доживеа“ нервен слом.

Членот од златната генерација на Сер Алекс Фергунсон, го коментираше овој натпревар на „Скај Спортс“, а по оваа промашување, поранешниот десен бек буквално удираше со тупаницата по масата, докажувајќи дека сè уште е голем фан на тимот на „Олд Трафорд“.