Герет Бејл за шест години во Реал Мадрид научил само три зборови на шпански

Герет Бејл е еден од најдобрите светски фудбалери, но само кога е комплетно фит и не е повреден. Тој веќе шест години е дел од тимот на Реал Мадрид, а неговиот соиграч Марсело откри дека тој и натаму не зборува ништо во соблекувалната. 

Бразилецот раскажуваше за Кристијано Роналдо и Кико Касилја и како му недостигаат овие двајца фудбалери во соблекувалната на „кралевите“ и случајно откри „тајна“ на Герет Бејл.

„Секако дека имав одличен однос со Роналдо. Девет години бевме заедно, го познавам неговото семејство и неговата девојка. И нормално е да бидам тажен што повеќе го нема. Исто како и за Кико Касилја. Тој седеше до мене во соблекувалната и секое утро прво се поздравував со него. Од другата страна го имам Герет Бејл. Тој не зборува шпански јазик, зборува само англиски и комуницираме само со гестикулации и знае да каже само, здраво и добро вино“, вели Марсело.