Генијална акција на Пјаниќ и Роналдо за водство на Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус води со 1-0 против Сампдорија по првото полувреме во 36.коло во Серија А.

Кристијано Роналдо го скрши отпорот на гостите од Џенова откако со Миралем Пјаниќ креираа генијална акција од слободен удар длабоко во судиското продолжение на првото полувреме.

Јувентус доколку вечерва слави ќе ја обезбеди деветата шампионска титула по ред во Серија А.