Фудбалер на Ливерпул влезе во „Гинисовата книга на рекорди“ (ВИДЕО)

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер Арнолд влезе во „Гинисовата книга на рекорди“ по фантастичната сезона лани во дресот на „црвените“. 

Тој испиша нова историјата во Премиерлигата со тоа што стана дефанзивец со најмногу асистенции, вкупно 12. 

„Ова е навистина голема чест. Секогаш сакам да одам напред и да му помогнам на тимот да искреира шанси за гол. Очигледно е дека другото им преостанува на моите соиграчи да ја сместат топката во мрежата, бидејќи фудбалот е тимска игра и без нив овој рекорд немаше да постои. Ова е неверојатно горд момент за мене и моето семејство и се надевам дека ќе стои уште многу години“, рече Арнолд.