Фудбалер на Астон Вила не им оддолеа на арапските долари – потпиша за пет пати поголема плата!
Дваесет и едногодишниот напаѓач, кој ќе го носи дресот со број девет во тимот од Ријад, во Бирмингем дојде од Чикаго Фајр во јануари 2023 година за 18 милиони фунти. Оваа сезона постигна 12 гола на 29 натпревари, а вкупно за клубот одигра 78 натпревари и запиша 20 погодоци.
Ал Наср за неговиот трансфер плати 65 милиони фунти, а Дуран во новиот клуб ќе добива пет пати поголема плата. Во Астон Вила заработуваше 3,9 милиони евра годишно, додека во Ал Наср ќе инкасира 20 милиони евра по сезона.