Флик го потврди заминувањето: Барселона остана без клупска легенда!

Серхи Роберто (32) повеќе не е фудбалер на Барселона, откако новиот тренер Ханси Флик потврди дека тој си заминува по завршувањето на досегашниот договор.

Станува збор за играч кој порасна во Барселона, за која одигра 373 натпревари и постигна 19 гола со 43 асистенции. За вториот тим на каталонците, пак, одигра 106 натпревари, со седум гола и три асистенции.

Серхи играше како десен бек, но и како фудбалер од средниот ред, што е негова природна позиција. За шпанската репрезентација има 11 настапи и еден гол. Во моментов не е познато во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, а според Трансфермаркт тој вреди 2,5 милиони евра. Барселона е единствениот клуб за кој настапувал во кариерата, со кој освои седум титули во Ла Лига и два трофеи од Лигата на шампиони, заедно со шест пехари во Копа дел Реј.