Фелипе се врати во Вардар и сите ги шокираше со новиот имиџ! (ФОТО)

Хуан Фелипе се приклучи на тренинзите на Вардар по враќањето од Казахстан. Бразилецот по пауза од една година повторно ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на најтрофејниот македонски клуб. 

Тој ги изненади своите соиграчи со новиот имиџ и сега ќе биде препознатлив не само по дриблинзите, туку и со својата шатирана коса.

Бразилецот и натаму чека да го добие потребниот сертификат за да настапи за Вардар на големото дерби во недела против Шкендија во Тетово во рамки на првото пролетно коло во Првата лига. 

ФОТО: Кочо Сотировски