„Фармацевтите“ без лек за Франкфурт: Ајнтрахт го здроби Леверкузен (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт го отвори осмото коло во германската Бундеслига со триумф од 3-0 против Баер Леверкузен, па скокна до седмата позиција на табелата.

Гонзало Пасиенсиа блесна во денешниот меч, откако во четвртата минута го постигна првиот гол за водство од 1-0, а во 17. минута стрелаше повторно и зголеми на 2-0.

Леверкузен немаше што да загуби во вториот дел, па тргна со сите сили кон голот на домаќинот, но не успеа да ги искористи шансите. Казната стигна преку Бас Дост во 80. минута, кога ги постави конечните 3-0.