ФА не попушти: Одбиена жалбата на Тотнем за Бентакур
Фудбалерот од средниот ред доби суспензија од седум натпревари поради коментар за неговиот соиграч Сон кој беше протолкуван како расистичка навреда.
На спорното видео може да се види како водителот бара Бентакур да му даде дрес од Сон.
„Сони? Може и од негов братучед, сите изгледаат исто“, гласи коментарот за кој Бентакур беше суспендиран.
За ФА овој коментар беше расистички, па така немаше милост и жестоко го казни Уругваецот. Тотнем се надеваше дека со жалбата ќе промени нешто, но тоа не се случи.