Елмас со нов број на дресот на Наполи: Ја зема седумката од Калјехон (ФОТО)

Елиф Елмас во новата сезона во Наполи ќе игра со нова бројка на грбот. Тој зад себе ја остава дебитантската 12-ка и во иднина ќе го носи дресот со бројот 7.

Оваа бројка долго време му припаѓаше на Хозе Калјехон, но Шпанецот летово си замина од Неапол. Елмас сега ќе ја преземе седумката и ќе се обиде да ја оправда довербата.