Елмас одигра цел натпревар, Наполи ја продолжи мизеријата на Калјари (ВИДЕО)

Наполи славеше со 1-0 на гостувањето кај Калјари и така го запиша третиот триумф во последните четири меча во италијанската Серија А.

Калјари играше добро во текот на целиот дуел, но не успеа да се спаси од нов мизерен резултат, па тие веќе девет меча не знаат за триумф во првенството.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра цел меч за Наполи, додека победата им ја донесе Дрис Мертенс во 66. минута.