Екс-вардарецот Мицевски со мајсторски деби гол за летонска Рига (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Вардар, Дарко Мицевски постигна мајсторски гол за летонска Рига во ремито против Мета (3-3) во домашниот шампионат.

Мицевски беше стрелец на третиот гол на мечот, кој ѝ донесе пресврт на Рига од 2-1. Сепак, неговиот тим, иако имаше водство и од 3-1, успеа да ја прокоцка победата во 96. минута.

Да потсетиме, Мицевски во јануари ја засили Рига, откако две ипол години мина во екипата на „црвено-црните“.