
Едерсон испиша историја, па го подари дресот на син му (ФОТО)
Тој беше асистент за еден од четирите погодоци. А тоа беше негова шеста асистенција во Премиерлигата.
Со ова стана голманот со најмногу асистенции во историјата на Премиерлигата.
Кога се врати дома со дресот, му го подари на синот. На дресот пишува: Со овој дрес испишав историја со шест асистенции во Премиерлигата“.
Неговата сопруга објави фотографии од нивниот син како го носи дресот.