Џенова и Пандев се спасија од пораз, Аталанта го распарчи Емполи (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Горан Пандев заедно со Џенова стигна до бод против Сасуоло (2-2), иако беше на праг до пораз во рамки на осмото коло од италијанската Серија А.

Гостите тргнаа опасно кон голот на Џенова и првпат ја затресоа мрежата во 10. минута, но погодокот беше поништен по реакција на ВАР-технологијата. Сепак, Скамача со два гола за три минути му носи водство на Сасуоло од 2-0.

Во продолжение Дестро стрелаше за 1-2, а потоа му беше поништен гол, кој требаше да донесе израмнување на натпреварот. Во завршницата од дуелот Васкез погоди за 2-2 и така обезбеди бод за својата екипа.

Џенова по осум кола има освоено шест бодови и се наоѓа на 17. позиција во калчолигата, додека Сасуоло има осум бодови.

На останатите натпревари Аталанта славеше со 4-1 против Емполи, додека Удинезе одигра 1-1 со Болоња.