Џеко добива нов договор, а го чека и директорска фотелја во Рома

Един Џеко минатата зима беше многу близу до трансфер во редовите на Челси, но Рома не сакаше да го продаде. Италијанскиот тим има големи планови за голгетерот. 

Босанецот ќе добие продолжување на договорот до 2021 година, но со мало намалување на личните примања. Наместо 4,5 милиони евра по сезона, според новиот договор тој ќе заработува по четири милиони.

Понудата на Рома е крајно интересна, бидејќи Франческо Тоти и Мончи планираат да го земат Џеко во нивниот „тим“ по 2021 година. Босанецот би имал директорска улога во Рома и би помагал околу преговорите со нови фудбалери и потенцијални засилувања. Тој би бил и еден вид на скаут на Балканот за Рома.