Двојната игра на Гвардиола: Го водел Баерн, а го создавал - Сити
Во домашното првенство беше неприкосновен и освои три шампионски титули, но не ја оствари главната цел - трофејот од Лигата на шампионите. Кобни за него беа Реал и Барселона кои го запираа во походот, но седум години по заминувањето од Баерн, откриено е дека тој, всушност, интензивно работел на проектот Манчестер Сити каде веќе беа неговиот пријател Чики Бегиристаин.
Во тоа време, „баварците“ сериозно биле заинтересирани за Кевин де Брујне, Рахим Стерлинг и Илкај Гундоган, ама Гвардиола ги блокирал нивните трансфери, сметајќи дека не му се потребни. Веднаш по доаѓањето во Сити, тројцата фудбалери завршија во овој клуб и имаа голем придонес во доминацијата во англискиот фудбал.
Де Брујне и натаму е член на Манчестер Сити, а Илкај Гундоган минатата сезона беше можеби најзаслужен за освоената тројна круна, пред да се пресели во Барселона.