Два пораза го делат Челси до повторувањето на анти-рекордот во ерата на Абрамович

Екипата на Челси вчеравечер загуби со 2-3 од Вест Хем во натпревар од 32. коло во Премиер лигата. За тимот предводен од Френк Лампард, овој пораз беше 10-ти оваа сезона.

Според „Опта“, само во сезоната 2015/16, „сините“ загубија повеќе пати во Премиерлигата во ерата на Роман Абрамович.

Рускиот бизнисмен го купи Челси во 2003 година. Неговиот тим пред четири години претрпе 12 порази и сезоната 2015/16 ја заврши на 10. место.

Оваа сезона и покрај двоцифрениот број загубени средби, Челзи има изгледни шанси да се најде помеѓу четирите најдобри и со тоа да избори учество во Лигата на шампионите.

По 32 кола тимот е на 4. место со 54 бода.