Дортмунд се пофали: Витсел и Хумелс ќе бидат подготвени за Баерн

Германскиот гигант Борусија Дортминт може да здивне откако денеска се појави информација дека двајцата нивни фудбалери, Матс Хумелс и Аксел Витсел, ќе бидат подготвени за утрешното дерби со минхенски Баерн.

Утре на програмата е големото дерби од 28-то коло во Бундеслигата, каде Баерн и Борусија директно ќе одлучуваат за шампионската титула. „Милионерите“ во моментов заостануваат 4 бода.

Изгледа дека треба да почекаме уште малку за да бидеме сосема сигурни. Но, 99,9% е јасно дека Хумелс ќе биде подготвен и ќе биде во тимот. Што се однесува до Витсел тој уште вчера тренира со остатокот од тимот, денес одработи втор тренинг, така што тој е 100% на располагање за дербито со Баерн, истакна предводникот на Дортмунд.