Донарума по грабежот сака да замине од ПСЖ

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума е подготвен да го напушти францускиот шампион ПСЖ, откако неодамна разбојници влегоа во неговиот дом.

Донарума и неговата избраничка беа врзани и тепани, а украдени му беа и скапоцени предмети и пари во износ од половина милион евра.

Чуварот на мрежата побарал од парижаните да го продадат ова лето, а за неговите услуги е заинтересиран Јувентус.

Донарума го засили ПСЖ пред две години, кога му заврши договорот со Милан, а со преселба во Јувентус дефинитивно би ги налутил навивачите на „росонерите“.