Доминација на Ливерпул: Клоп и Мане избрани за најдобри за ноември во Премиерлигата

Ливерпул пред неколку дена обезбеди пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампиони, каде што ја бранат титулата освоена минатата сезона, а исто така избраниците на германскиот тренер Јирген Клоп се на добар пат да го прекинат долгиот пост и конечно да ја освојат Премиерлигата.

Нивните одлични резултати во ноември беа наградени од страна на Премиерлигата, па така Јирген Клоп беше избран за тренер на месецот, додека неговиот напаѓач Садио Мане го доби признанието за најдобар фудбалер за минатиот месец.