Доказот дека никој не го сакал Мурињо во Манчестер: Само двајца играчи гласале да остане!

Контроверзниот португалски менаџер Жозе Мурињо вчера доби отказ во својата трета сезона на клупата на Манчестер јунајтед, по серијата очајни резултати и игри, а дефинитивно „кумови“ на смената била – облекувалната на „црвените ѓаволи“.

Извршниот директор на клубот Ед Вудворд организирал таен состанок со фудбалерите за да се изјаснат за иднината на Мурињо, и 90 отсто од соблекувалната гласала за тој да си замине. Само двајца фудбалери од катуелниот погон се изјасниле за останување и тоа Србинот Немања Матиќ и Белгиецот Ромелу Лукаку, кои дојдоа на „Олд Трафорд“ токму поради Мурињо.

И кога фудбалерите дознале дека Мурињо добил отказ, во соблекувалната имало – веселба. Сите среќни и задоволни, насмеани, ја примиле веста која им ја соопштил Вудворд. Најсреќен од сите бил Пол Погба, кој од поодамна е во лоши односи со Португалецот, па тој бил највесел кога било соопштено дека Мурињо повеќе нема да им е шеф.

„Никој не сака да види дека некој останал без работа, ама на тренингот сликата беше поинаква. Атмосфера на ниво, нешто сосема спротивно од претходно. Играчите се смееа, беа среќни. Афмосферата одеднаш се смени, како ден и ноќ“, рекол извор од таборот на „ѓаволите“ за англиските медиуми.