Додека се подготвува отказот на Зидан, Мурињо веќе го договорил Чаби Алонсо

Наводно, прашањето не е „дали“ туку „кога“ Жозе Мурињо повторно ќе седне на клупата на Реал Мадрид.

И оваа сезона, Реал Мадрид не е толку убедлив како што навикнаа неговите навивачи, па промената на тренерот би можела да дојде наскоро.

Наместо Зинедин Зидан, се споменува уште еден повратник на клупата на „Кралскиот клуб“ - Жозе Мурињо!

Според угледниот „АС“, не постои прашање дали тоа ќе се случи, туку кога.

Мурињо наводно веќе го избрал и својот асистент, а тоа е поранешниот играч од средниот ред кој ги бранеше боите на „кралевите“ - Чаби Алонсо. Тој моментно работи како тренер во Б тимот на Реал Сосиедад, а претходно ја водеше и селекцијата на играчи на Реал до 14 години.

Португалецот беше тренер на мадридскиот тим од 2010 до 2013 година и за тоа време ја освои шампионската титула во Шпанија, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија.

Трофејниот тренер е без клуб скоро една година, односно од декември 2018., кога се раздели со Манчестер Јунајтед. Во меѓувреме, работеше како стручен консултант во ТВ - преносите на фудбалските натпревари.