Добри вести од Франција: Мбапе нема скршеница на десната нога

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, за среќа нема скршеница на скочниот зглоб на десната нога по бруталниот старт на Перин во финалето на францускиот куп, но точната тежина на повредата ќе се знае по новиот преглед закажан за три дена.

Мбапе беше повреден во финалето на Купот меѓу ПСЖ и Сент Етјен што се одигра вчера, а го добија „светците“ со 1-0. 

Килијан има истегнување на десниот скочен зглоб со повреда на надворешниот латерален дел од лигаментите. Точната тежина на повредата ќе се знае по новиот преглед закажан за 72 часа, објавија од клубот.

Сепак Мбапе со помош на помагала и со специјална лонгета на ногата присуствуваше на славјето со соиграчите по мечот.