Добредојде Диего Коста: Атлетико ја надигра Севилја (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид продолжува да игра подобро и подобро од натпревар во наптревар. Овој пат тоа го покажа во дербито од 6. коло во Пример, против Севилја, солвадувајќи ја со 2-0.

На „Ванда Метрополитано“, овој пат имаше еден посебен гледач. Диего Коста ги гледаше, сега, неговите нови соиграчи, а тие му приредија победничко добредојде. Натпреварот беше прекрасен за око во првиот дел, со многу шанси, но резултатот остана почетниот.

 Затоа по неполни 60 секунди во вториот скршен беше мразот. Караско излезе очи в очи со голманот Рико и погоди за 1-0, а на 20 минути до крајот Гризман ја потврди победата. Атлетико изби на второто место, со 14 бода, еден помалку од лидерот Барселона, која има и натпревар помалку.