Добра идеја и за нашите клубови: Даваат ваучери за стриптиз за сите што ќе дојдат на трибина!

Австријците се навистина иновативни, а еден локален клуб Гезендорф смислил генијална идеја како да ги привлече навивачите да го поддржуваат тимот од трибините.

Клубот кој се натпреварува во регионалната лига реши на своите навивачи да им даде бесплатен ваучер за стриптиз клуб. Со ваучер за влез во клубот, на навивачите им било ветено дека ќе добијат и пијалок.

Меѓутоа, морале набрзо да ја повлечат понудата поради критики од јавноста, но и фактот дека спонзорите им побарале раскин на соработката.

Австриските медиуми пишуваат дека акцијата успеала, зашто е најавено дека навивачите по натпреварот на 24. октомври ќе може да одат во стриптиз клубот.