Директорот на Интер: За нас е важен целиот колектив, а не неколку индивидуи!

Мауро Икарди се соочува со тежок период во Интер, откако му беше одземана капитенската лента, а потоа Аргентинецот одби да замине со клубот во Виена за мечот во Лига Европа против Рапид (1-0).

Директорот на клубот, Пјеро Аусилио смета дека Интер ја донела вистинската одлука за Икарди со тоа што му ја одземале должноста на капитен и кажа дека тие се фокусираат на целиот колектив, а не на индивидуи во тимот.

„Икарди е многу важен фудбалер за нас, но нормално е тоа што е вознемирен поради одземањето на капитенската лента. Ние секогаш се фокусираме на целиот колектив, а не на неколку индивидуи. Во моментов разгледуваме опција дали да го казниме“, кажа Аусилио.