Димитриевски прими гол од пенал, Рајо освои бод на гости кај Леванте (ВИДЕО)

Рајо Валјекано одигра добар натпревар кај Леванте, но се враќа дома само со еден освоен бод (1-1) по голот постигнат во 92. минута, иако до самиот крај на мечот имаше негатива од 0-1.

Марти успеа да го матира македонскиот репрезентативен чувар на мрежата во 39. минута со удар од белата точка, по што Рајо доминираше на теренот, но никако не успеваше да постигне погодок за израмнување.

Гостинскиот тим го израдува Гвардиола, и тоа со погодок во втората минута од судиското надополнување на натпреварот (1-1).