Дибала си заминува од Јувентус: Веќе преговара со шпански гигант

Пауло Дибала имаше очајна сезона во дресот на Јувентус па сега бара промена на средината. 

Неговиот брат и воедно менаџер, Густаво, вели дека фудбалерот би можел да го напушти Торино, бидејќи му е потребна промена на кариерата. Аргентинецот е поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, но се чини дека Атлетико Мадрид е најблиску до неговиот потпис.

„Атлети“ бараат замена за Антоан Гризман, кој најави заминување и веројатно ќе се пресели во редовите на Барселона. Дибала изминатава сезона постигна само пет голови на 28 натпревари, додека претходната постигна 22 голови на 33 натпревари.

Според италијанските медиуми, Атлетико му понудил годишна плата на Дибала од 9 милиони евра. Неговиот трансфер најверојатно ќе изнесува околу 120 милиони евра.